Свет Шпанија: Запленети 950 килограми кокаин на јахта

Шпанија: Запленети 950 килограми кокаин на јахта

Шпанската полиција заплени околу 950 килограми кокаин на јахта во близина на Канарски Острови. При акцијата се уапсени се тројцата членови на екипажот, двајца Украинци и еден Србин.

Како што соопшти шпанското министерство за внатрешни работи, јахтата „Либерти бел“ била претресена на 370 километри јужно од шпанскиот остров Гран Канарија.

Шпанската полиција минатата недела, исто така, во близина на Канарски Острови, запленила речиси 600 килограми кокаин на една јахта, која пловела под чешко знаме.