Свет Европа Шестмина загинати при несреќа на автомобилско рели во Шпанија

Шестмина загинати при несреќа на автомобилско рели во Шпанија

Шест лица, меѓу кои и една бремена жена, загинале кога автомобил излетал од патот и удрил во нив за време на автомобилско рели, кое вчера се одржувало во градот Карал, во северозападниот дел на Шпанија, јавуваат светските агенции.

Во несреќата, како што соопштиле од полицијата, повредени се 16 лица, од кои дел се во критична состојба.

Од видеоснимките од несреќата се гледа како автомобилот со голема брзина излетува од патот и удира во дел од публиката.

Шпанскиот премиер Маријано Рахоја преку својот твитер-профил изразил сочуство до семејствата на загинатите.

Автомобилското рели, во кое учестувале околу 140 лица, веднаш било прекинато.