Хроника Шестмина осомничени за фалсификување пасоши

Шестмина осомничени за фалсификување пасоши

Регионалниот центар за гранични работи Север поднел пет кривични пријави против шестмина осомничени, кои се товарат за фалсификување исправа, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, станува збор за пет одделни случаи, во кои дел од осомничените се албански државјани.

Според полицијата, во пртвите два случаи, албанските државјани Л.Ѓ. (28) и Е.Т. (41) на граничниот премин Табановце, приложиле пасоши во кои ги избришале штембилите за издадена забрана за патување во земјите од Европската унија (ЕУ).

Во другите два случаи, осомничени се Е.С. (46), В.С. (47) и Ѓ.С. (23), кои на истиот граничен премин, при пасошката контрола, дале на увид фалсификувано гарантно писмо.

Во последниот случај, полициските службеници на Табановце, при контрола, утврдиле дека албанскиот државјанин Л.Б. (36), приложил фалсификуван пасош во кој биле заменети странците заради прикривање штембил за забрана за патување во земјите од ЕУ.