Свет Балкан Шестгодишно девојче загина во брод кој се преврте кај Лезбос

Шестгодишно девојче загина во брод кој се преврте кај Лезбос

Нова бегалска трагедија се случи изутринава во водите во близина на островот Лезбос. Брод кој пренесуваше околу 10 бегалци се преврте рано изутринава. Во несреќата животот го изгуби шестгодишно девојче.

Грчката крајбрежна стража успеа да спаси четворица од бегалците кои биле во бродот. Во моментов крајбрежната стража и еден воен хеликоптер и понатаму трагаат по другите луѓе што биле во бродот.

Причината за превртување на бродот се смета дека се силни северни ветрови.

Крајбрежната стража изутринава забележала уште два гумени чамци кои пренесувале околу 90 бегалци. Тие безбедно стигнале до брегот.