Свет Шест загинати при експлозија на возило на ОН во Сомалија

Шест загинати при експлозија на возило на ОН во Сомалија

Најмалку шест вработени во ОН во Сомалија, вклучувајќи и еден странец, загинаа денеска во експлозија во минибус во северниот град Гаровеу, соопшти полицијата.

– Сметаме дека бомбата била закачена на минибусот и оти била активирана во близина на канцелариите на ОН – рече официјалниот претставник на полицијата, Мохамед Абдулахи, при тоа демантирајќи дека била погодена базата на ОН и оти станува збор за автомобил-бомба.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.