Свет Шест загинати и 13 повредени во две експлозии во Авганистан

Шест загинати и 13 повредени во две експлозии во Авганистан

Шест лица загинаа во експлозија во јужната авганистанска провинција Хелманд, каде во последните неколку недели се водат тешки борби меѓу талибанците и безбедносните сили, соопшти портпаролот на покраинскиот гувернер, Омер Звак.

Пет лица, од кои три жени и две деца, се ранети во нападот, а сите се од исто семејство.

Во друга експлозија, која се случила доцна синоќа, ранети се осум лица, претежно жени и деца, соопшти Абул Хаи Хатеби, портпарол на покраинскиот гувернер.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападите.