Свет Европа Севернокорејските ракети можат да ја погодат и Европа

Севернокорејските ракети можат да ја погодат и Европа

Француската министерка за одбрана, Флоренс Парли, изјави дека и Европа, како и САД, може да биде мета на балистички ракети на Северна Кореја.

Во изјава за француската телевизија БФМ, министерката рече дека Пјонгјанг, испукувајќи балистички ракети, ја покажал својата растечка сила.

– Европа, исто како и САД, сигурно е на дофатот на ракетите – рече Парли и додаде дека главните градови на Западне Европа би можеле да бидат мета.

Таа оцени дека меѓународната заедница траба да ги продолжи санкциите кон Северна Кореја.

– Важно е цел свет да ги спроведе санкциите, вклучувајќи ги Русија и Кина. Уверени сме дека исходот од таа ситуација на екстремна напнатост може да биде решен по дипломатски пат. Пред да дојдеме во дијалог со Северна Кореја, мораме да создадеме рамнотежа на моќ – рече Парли.