Македонија Северна Македонија ќе донира оружје и воена опрема на Украина

Северна Македонија ќе донира оружје и воена опрема на Украина

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Владата соопшти дека е донесена одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина.

Со тоа, како што вели, Владата се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ. Видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина.

Слични мерки преземаат и земјите во ЕУ, но и во окружувањето.