Свет Европа Семејна расправија во Шпанија заврши како терористички напад

Семејна расправија во Шпанија заврши како терористички напад

Најмалку две лица се повредени откако автомобил влета во група луѓе пред бар во шпанскиот град Хуелва, што предизвика страв од тероризам.

Полицијата доцна синоќа соопшти дека причината за нападот најверојатно е семејна расправија, која се случила нешто пред инцидентот. Повредени се двајца мажи, на возраст од 18 и од 31 година.

Очевидци направиле видеоснимка, на која се гледа црн автомобил сред улица и луѓе собрани околу возилото, како фрлаат на него столици и други предмети. Потоа се гледа маж како излегува од возилото и бега. Полицијата соопшти дека го уапсила возачот, но не е познато со какви обвиненија ќе се соочи.

– Граѓаните претрпеле напад на паника затоа што виделе автомобил како влетува меѓу луѓе – изјави советникот за безбедност на градот Хуелва, Енрике Гавин.