Дописници Седум предновогодишни вработувања во Народниот театар во Битола

Седум предновогодишни вработувања во Народниот театар во Битола

Седум нови вработувањата пред Нова година ќе го освежат ансамблот на битолскиот народен театар. Двајца режисери, двајца драматурзи и исто толку актери, како и еден шивач се новоотворените работни места. Голем број кандидати за сите работни места деновиве се појавиле пред стручните комисии, особено за вработување актери.

Вработувањата се одобрени од Министерството за култура, вели првиот човек на театарот во Битола, Валентин Светозарев.

– Ова е, во суштина, континуитет што го применува Министерството за култура во изминатите шест години, за освежување на уметничкиот ансамбл, за оние кои директно се поврзани со создавањето една претстава – рече Светозарев.

Децении наназат БНТ хонорано ангажираше драматурзи и ова е прва шанса по долг период да се отворат две работни места за драматургија.

– По децении, колку што јас се сеќавам, можеби, по трисетина години, имаме можност да вработиме драматурзи, нешто што е потребно во работниот процес на секоја претстава – рече Светозарев.

Пред четири години, во мај 2010 година, во театарот се вработија осум млади актери, откако по долги години нерешен статус се одлучија да простетираат дури и на сцена.

– Прашањето за актерско подмадување на театарот секогаш ќе биде отворено бидејќи добар дел од вработените актери за неколку години ќе заминат во пензија и не сакаме да се почувствува вакуум. Овој театар работи по виски стандради – додава Светозарев.

Годинава БНТ ја заокружува со бројка од 200 одиграни претстави.

А.Б.