Свет Седум повредени при експлозија на автомобил бомба во Могадишу

Седум повредени при експлозија на автомобил бомба во Могадишу

Сомалиската полиција соопшти дека во експлозија на автомобил бомба во Могадишу загинаа седум лица, а неколку се повредени.

Автомобил бомба експлодира пред еден ресторан во престолнината на Сомалија, во близина на Министерството за внатрешни работи, младина и спорт.

Засега никој не ја презема одговорноста за бомбашкиот напад, но познато е дека терористичката група Ал шабаб, која е блиска до Ал каеда, често организира вакви бомбашки напади.