Свет Свет Седум лица повредени при турбуленции на лет на „Американ ерлајнс“

Седум лица повредени при турбуленции на лет на „Американ ерлајнс“

Седум патници на „Американ ерлајнс“, кои патувале на релација Мајами – Милано, се повредени доцна синоќа при турбуленции на авионот, поради што тој е пренасочен.

Канадските медиуми пренесуваат дека авионот поради турбуленциите слетал на канадскиот аеродромот „Сен Жан“ на истокот на земјата.

– Авионот полетал од Мајами во неделата во 15 часот по локално време за Милано и мораше да се пренасочи на канадскиот аеродром во 21.45 часот – наведоа од американската авиокомпанија. Леталото со 192 патници и со 11 членови на екипажот, било зафатено од силни турбуленции.

Три членови на екипажот и четири патници се префрлени во локална болница, веднаш по слетувањето на авионот во Канада.