Свет Свет Се зголемува бројот на загинатите кај Ал Баб

Се зголемува бројот на загинатите кај Ал Баб

Бројот на загинатите во самоубиствениот напад во близина на северниот сириски град Ал Баб се зголеми на 42 лица, јавуваат странските медиуми.

Нападот со автомобил бомба е извршен еден ден откако бунтовниците поддржани од Турција соопштија дека имаат целосна контрола врз градот.

Од загинатите, 36 се опозициски борци, а шестмина се цивили, но има и голем број повредени.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.