Свет Се зголеми бројот на загинати во нападот во Багдад

Се зголеми бројот на загинати во нападот во Багдад

Најмалку 213 мртви е последниот биланс од самоубиствениот напад во Багдад, што е еден од најсмртоносните напади извршени во Багдад во последната година и најтежок во историјата на Ирак.

Првиот напад се случил кога автомобил бомба експлодирал во густо населениот шиитски кварт Карад, во екот на подготовките за обележување на крајот на светиот муслимански месец Рамазан. Другата експлозија се случила во источниот дел на Багдад.

Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава, а тие се случија една недела откако ирачките сили прогласија ослободување на Фалуџа, која беше под контрола на ИД.