Свет Балкан Се зголеми бројот на повредените во експлозијата во Истанбул

Се зголеми бројот на повредените во експлозијата во Истанбул

Десет повредени е последниот биланс од експлозијата што денеска се случи во истанбулското индустриско предградие Султанбејли.

Како што јавуваат турските медиуми, несреќата се случила кога парен котел експлодирал во фабрика за козметички производи.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеоснимки на кои се гледа како пожарникарски камиони го гаснат пожарот.