Свет Свет Се зголеми бројот на повредени лица во земјотресот во Јапонија

Се зголеми бројот на повредени лица во земјотресот во Јапонија

Според последниот биланс по силниот земјотрес што синоќа ја погоди јапонската префектура Фукушима, 14 лица се повредени, а најмалку тројца од нив имаат потешки повреди, јавуваат светските медиуми.

Епицентарот на земјотресот, кој беше со интензитет од 7,4 степени, бил во морето, на длабочина од 25 километри, соопшти Јапонската метеоролошка служба.

Од потресот се појавија и цунами-бранови, кои достигнаа височина до еден метар.