Македонија Се запали автобус на ЈСП во Аеродром вчеравечер, нема повредени лица

Се запали автобус на ЈСП во Аеродром вчеравечер, нема повредени лица

Фото: Архива на „Мета“

Двокатен кинески автобус на ЈСП-Скопје што сообраќал на линијата број 7 од Лисиче кон Карпош вчера вечер околу 18:30 часот се запали на булеварот Трета македонска бригада во Аеродром. Возачот го приметил чадот кај моторот од автобусот, застанал, ги евакуирал патниците и повикал пожарникари. Нема повредени лица, а од ЈСП Скопје излегоа со информација дека предизвикана е единствено материјална штета.

Инаку, пред само неколку дена, на 16 ноември утрото, се запали автобус и во скопски Сарај, каде возачот штом го ставил автобусот во погон да се загрее, од задната страна кај моторот забележал дека настанал пожар.

Пред две години, кинески двокатен автобус на ЈСП на линијата 5 се запали во населбата Ѓорче Петров, додека мај 2020 година под Железничката станица се запали автобус со број 45 на приватниот превозник Слобода превоз.