Свет Европа Се урнал дел од руски воен објект, 23 војници загинати

Се урнал дел од руски воен објект, 23 војници загинати

Дваесет и тројца војници загинале откако ноќеска се урнал блок од руски воен објект во близина на сибирскиот град Омск, соопштиле службени лица, пренесува „Би-Би-Си“.

По несреќата, 19 лица биле извлечени живи од урнатините, додека пет се водат како исчезнати.

Во објектот во моментот на несреќата имало повеќе од 300 војници.

Според медиумите, зградата чиј дел се урнал, минатата година била реновирана. Сомневањата се дека користењето неквалитетни материјали е причина за уривањето.

Надлежните служби веднаш почнале истрага поради сомневања за небрежност.

Сите 19 војници што биле извлечени од урнатините се со повреди, а тие што биле во потешка состојба веднаш биле префрлени во Москва за лекување.

Еден од преживеаните за руската телевизија изјавил дека тој и другите војници заминале на спиење кога четирикатната зграда почнала да се урива врз нивните глави.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, искажал сочувство до семејствата на загинатите војници.