Свет Се урна тунел од метро во Техеран, четворица загинати

Се урна тунел од метро во Техеран, четворица загинати

Четворица работници загинале, а 11 биле повредени откако се урнал тунел кој бил пробиван за време на изградбата на нова метро-станица во главниот град на Иран, Техерен, јавуваат светските агенции.

Меѓу загинатите и повредени работници, според извештаите, имало и неколку бегалци од Авганистан.

Несреќата била предизвикана од уривање на бетонската конструкција, која паднала врз работниците.

Официјални претставници соопштиле дека причина за несреќата е „човечка грешка“.

Изградбата на мрежата за метро Иран ја почна во 1977 година, но по немирите во земјата, во 1979 година, градежните работи беа целосно прекинати. Работите на метрото продолжија дури во 1990 година.

Техеран во моментов има околу 100 метро-станици, кои функционираат на шест главни градски линии.