Подглавна секција Се урна руски авион – десетици загинати украински воени заробеници

Се урна руски авион – десетици загинати украински воени заробеници

Воениот авион се урна во близина на рускиот град Белгород, кој се наоѓа веднаш до границата со Украина

Транспортен вион ИЛ-76, како тој кој се урна. Фото: Rob Schleiffert, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Нема преживеани патници од рускиот воен авион кој се урна во близина на рускиот град Белгород, кој се во близина на руската граница со Украина. Министерството за одбрана на Русија изјави оти во авионот имало 65 украински воени заробеници, кои биле пренесувани кон Украина за размена на затвореници, како и 9 други лица.

Би-би-си сè уште нема независно потврдено колку и кои луѓе биле патници во авионот. Сепак, Би-би-си има видео-доказ за самата несреќа.

Украинската новинска агенција „Украинска правда“ иницијално тврдеше дека украински сили го собориле авионот, но потоа се дистанцираше од тврдењето, велејќи дека постоеле само „индикации“ дека истото е точно.

Руското министерство за надворешни работи ја обвини Украина за соборувањето на авионот. Дополнително, рускиот пратеник Андреј Картаполов тврди оти авионот бил соборен од украинските сили со помош на оружја донирани од Западот. Тој не приложи никаков доказ со што би го поткрепил своето тврдење.