Свет Балкан Се преврте брод кај Крит, тројца загинати, 302 спасени

Се преврте брод кај Крит, тројца загинати, 302 спасени

Брод на кој се наоѓале неколку стотини мигранти се преврти кај островот Крит, при што загинаа три лица, а 302 се спасени, соопшти грчката крајбрежна служба.

Оттаму информираат дека станува збор за брод долг помеѓу 25 и 30 метри, кој личел на голем рибарски чамец.

Бродот целосно потонал на околу 75 наутички милји јужно од Крит, во меѓународни води.

Во акцијата за спасување, која сè уште трае, учествуваат четири бродови, на кои им помагаат два грчки патролни чамци и два хеликоптери.

Се верува дека бродот пловел за Италија.