Свет Европа Се преврте автобус полн со деца во Германија, едно момче загина

Се преврте автобус полн со деца во Германија, едно момче загина

Петгодишно момче загина, а 59 деца се тешко повредени кога се превртел автобус на автопат во Германија кај Ерфурт.

Како што пренесува германски „Билд“, несреќата се случила околу 14.30 часот, кога автобусот кој доаѓал од Австрија, престигнувал камион, при што изгубил контрола и се превртел.

Во автобусот биле 59 деца на возраст меѓу 13 и 14 години, како и петмина возрасни. Сите се повредени, а пет деца добиле тешки повреди.

Настарданото момче било син на еден од учителите.

Медиумите пренесуваат дека автопатот е затворен и дека на терен се голем број полицајци и спасувачи.