Свет Европа Сè поголем е стравот од тероризам во Австрија

Сè поголем е стравот од тероризам во Австрија

Сè поголем број Австријци се плашат од тероризам, покажува најново испитување на јавното мислење.
Според истражувањето на институт „Галуп“, 56 отсто од Австријците веруваат дека Австрија би можела во следниот период да стане мета на терористички напади.

Од друга страна, само 30 отсто од испитаниците се чувствуваат безбедно.

И покрај сè поголемиот страв од тероризам, 43 отсто од Австријците истакнуваат дека нема да дозволат терористите да им ги расипат плановите за одмор.

Од „Галуп“, сепак, појаснуваат дека бројката не е зачудувачка, имајќи предвид дека минатата година 44 отсто од Австријците одморот го минале во татковината, 23 отсто во Италија, 18 отсто во Хрватска, 13 отсто во Германија, а тоа се земји во кои досега немало терористички напади.

Само 28 отсто рекле дека ќе ги сменат плановите за летен одмор поради терористичките напади, а 23 отсто сметаат дека нема да патуваат во странство.