Економија СДСМ: Во буџетот за 2017 година не се предвидени 25 милиони евра...

СДСМ: Во буџетот за 2017 година не се предвидени 25 милиони евра за 140 градинки

Во буџетот за 2017 година што владејачката партија сака да го донесе, како што може да се види од документот во прилог, не се предвидени 25 милиони евра за 140 градинки како што лажеше Никола Груевски, се вели во соопштението што од СДСМ го испратија до медиумите.

Во него се додава дека во ставката за изградба, опремување и за одржување објекти за детска заштита, стои сума од само 1.290.000 евра за три години.

– Обвинетиот Груевски за криминалниот проект „Скопје 2014“ фрли 667 милиони евра, односно изеде 4.446 градинки – се додава во соопштението на опозициската партија.