Македонија СДСМ: Сите насилници ќе сносат одговорност

СДСМ: Сите насилници ќе сносат одговорност

„Сите институции се во рацете на Никола Груевски. По девет години, уште ли мисли Груевски дека може да се вози на приказната дека некој друг е виновен за состојбите во државата? Мора веднаш да се отворат истраги за сериозните насилни инциденти врз новинари, граѓани – критичари на власта, приврзаници на опозицијата“, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод прес-конференцијата на Петре Шилегов.

„Доколку Пешевски не поднесе оставка за тепањето сопственик на портал, доколку институциите не ги откријат сторителите на насилствата што резултираат со крвави глави, ќе се потврди дека власта е нарачателот. СДСМ порачува дека сите што директно или индиректно учествуваат во насилствата врз граѓаните, многу бргу ќе се соочат со сопствената одговорност“, пишува во реакцијата на СДСМ.