fbpx

Шилегов: Дали Груевски сака преку пролевање крв да се спаси од одговорност?

-

СДСМ порачува веднаш да престанат насилствата врз новинари, критичари на власта, неистомисленици и врз припадници на опозицијата, рече денеска на прес-конференција портпаролот на партијата, Петре Шилегов.

– Укажуваме дека нападот со метални прачки што се случи вчера врз сопственикот на порталот „Доказ.мк“, во кој Марјан Стаменковски заврши со скршена глава и со скршен нос, ја прелева чашата на трпението, што може да има понатамошни сериозни последици. Повторуваме дека тоа што во Владата сè уште седи тепачот на сопственикот на порталот „Мактел“, лично вицепремиерот Владимир Пешевски, без против него да се води каква било постапка, упатува на скандалозен факт дека нарачател на насилствата е самата власт – изјави Шилегов.

Тој ја запраша власта на Никола Груевски дали намерата е преку пролевање крв да се спаси од сопствената одговорност.

– Порачуваме дека Груевски и неговите соработници ќе одговараат за сите повреди врз граѓаните на Македонија. Ќе одговараат и тоа многу бргу оние што ги кријат и ги помагаат насилничките инциденти, кои не се ништо друго туку безуспешни обиди да се заплаши критичката јавност – вели Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...