Македонија СДСМ: Сите институции се посветени на спроведување фер и слободни избори

СДСМ: Сите институции се посветени на спроведување фер и слободни избори

Сите наделжни институции се целосно професионализирани и посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори. Граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и в недела масовно и слободно да го искористат своето право на глас.

Со таква порака се обрати СДСМ, реагирајќи на прес-конференцијата на Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ, во која беше најавено дека партијата ќе постави „народни стражи кои ќе бидат гарант за демократијата и граѓанската волја“, поради, како што велат, отсуството на реакција од страна на државните институции.

„Избирачкото право е загарантирано, а изборната волја на граѓаните ќе биде целосно испочитувана. Времето на злоупотреби на институциите, поткупот, уцените и на заканите за предизборни партиски цели заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски во опозиција. Таа криминална ера заврши и ниту една измислена „стража“ нема да ја врати“, се вели во реакцијата од СДСМ.