Македонија СДСМ очекуваат уште една сигурна победа, ВМРО обвинува за неправилности

СДСМ очекуваат уште една сигурна победа, ВМРО обвинува за неправилности

Генералниот секретар и шефот на изборниот штаб на СДСМ, Љупчо Николовски на прес-конференција кажа дека денот минал мирно и во фер и демократска атмосфера и дека се очекува СДСМ да оствари уште една победа. Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев оцени дека денешните избори се многу важни за граѓаните.

„Драго ми е што кампањата помина со доминантно позитивната атмосфера, имавме европска изборна кампања и европски изборен ден. Со овие избори испраќаме порака во каков правец треба да се движи нашата држава и нашите општини, затоа што дефинитвно граѓаните го очекуваат најдоброто за нив“, напиша Заев на Фејсбук.

По крајот на гласањето за локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција излезе со обвинувања кон власта за низа изборни нерегуларности, но и со доза оптимизам дека ќе има добар резултат по пребројувањето на гласовите.

„На власт во државата имаме гарнитура која е потопена во криминал и корупција. Соодветно на тоа имавме избори каде забележавме нерегуларности, нарушување на изборниот процес и коруптивно делување на власта“, рече Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.