Дописници СДСМ на средба со жители на неколку села во Охридско

СДСМ на средба со жители на неколку села во Охридско

Работна група,  предводена од претседателката на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Татјана Прентовиќ, денеска се сретна со жителите на селата Горно Лакочереј,  Долно Лакочереј и Велгошти.

На средбата беше нагласена пораката дека СДСМ во својата програма предвидува зголемен фонд на субвенциите за земјоделците и нивно навремено исплаќање.

– СДСМ е активен на терен меѓу граѓаните и на непосреден начин се запознава со нивните проблеми и предлози за да ги преточи во најсоодветни програмски решенија со кои ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори – им рече на селаните Прентовиќ.