Македонија СДСМ: Монтираните судски процеси беа карактеристика за ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Монтираните судски процеси беа карактеристика за ВМРО-ДПМНЕ

Монтираните судски процеси беа карактеристика за криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, тоа време заврши, Македонија станува правна држава, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека „ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за владеење на правото.“

„ Токму таа партија 11 години нарачуваше монтирани судски случаи кои служеа единствено за пресметка со неистомислениците. Со таквиот начин на владеење, ВМРО-ДПМНЕ целосно го урниса владеењето на правото, а Македонија долго време беше категоризирана како заробена држава. Времето на нарачани судски процеси, на криминално и коруптивно однесување на власта, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција“, се вели во соопштението.