Економија СДСМ: Миноски покажа непознавање на законската процедура за еврообврзница

СДСМ: Миноски покажа непознавање на законската процедура за еврообврзница

 

Со денешното соопштение, Министерството за финансии покажува дека новиот министер Кирил Миноски не ја знае процедурата за издавање еврообврзница и бара алиби и соучесници во другите институции за ова финансиско злосторство, пишува во реакцијата на СДСМ, на соопштението на Министерството.

„Ставрески го напушти бродот што тоне. Богов срамежливо почна да се оградува од лудилото на задолжување, изјавувајќи дека уште од 2012 година укажувал на потребата за фискална консолидација и од стабилизација на јавниот долг. Миноски покажува дека не ги познава ниту основните закони што ги уредуваат начинот и условите на издавање и за тргување со хартии од вредност, управувањето со јавен долг, постапката и начините на задолжување, што е во домен на надлежностите на Министерството за финансии“, пишува во соопштението на опозициската партија.