Економија СДСМ: Кој украде 53 милиони долари на гасоводот?

СДСМ: Кој украде 53 милиони долари на гасоводот?

„Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, е добредојден во Струмица и во Куманово лично да се увери и да ги види единствените изградени дистрибутивни системи за природен гас во Македонија. Студијата за оправданоста на изградбата на делницата Клечовце – Штип предвидува дека изградбата ќе чини 24 милиони долари, а потрошени се вртоглави 77 милиони долари“, се вели во соооштението на СДСМ.

Во него се додава дека „во студијата за оправданост се разоткрива неспособноста на власта да реализира проекти за гасификација“.

„Крајниот рок до кога требаше да се осигура снабдување со природен гас на оваа приоритетна делница е 2015 година. Во 2016 година власта допрва ќе почнува со изградба. За 10 години неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ ниту домаќинствата ниту граѓаните дочекаа гасификација на Македонија. Владо Мисајловски да каже на чија сметка легнаа овие пари или тоа нека го направи Јавното обвинителство кое има обврска да дејствува по допрен глас,“ се додава во соопштението на СДСМ.