Македонија СДСМ: ЈО и МВР мора да постапат по службена должност, насилниците мора...

СДСМ: ЈО и МВР мора да постапат по службена должност, насилниците мора да одговараат

Јавното обвинителство и МВР мора да постапат по службена должност за организираното сценарио, а нарачателите, насилниците и криминалците да понесат одговорност, велат од СДСМ преку партиско соопштение.

„Парламентарното мнозинство ја реализираше својата обврска кон граѓаните, достоинствено, мудро и внимателно, како што им доликува на новите политичари што народот ги избра да ја водат државата. Новиот претседател на Собранието е избран според деловникот, законите и Уставот. Во периодот што престои, во согласност со деловникот, Уставот и со законите ќе биде избрана и новата реформска влада на граѓаните. Сите видоа колку е грдо лицето на Груевски, Иванов, Велјаноски, Чавков и на насилниците извршители и не сакаат да бидат нивни соучесници и нивен инструмент во иднина“, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека нема повеќе место за политиките на тензии, поделби, омраза и за дестабилизација.