Македонија СДСМ: Иванов да не одолговлекува и веднаш да го даде мандатот

СДСМ: Иванов да не одолговлекува и веднаш да го даде мандатот

Го повикуваме Иванов да не одолговлекува, во обид да ги спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за криминалот и за злоупотребите, и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска влада, стои во реакцијата на СДСМ на изјавата од кабинетот на Иванов дека „пречките за определување мандат сè уште не се отстранети“.

– Единствената пречка за Република Македонија се Ѓорге Иванов и Никола Груевски. Огромно мнозинство од околу 700.000 гласачи избраа промени, правда, заедништво и програмата на новата влада ќе го овозможи тоа – стои во реакцијата на СДСМ.

Од кабинетот на Иванов за државната новинска агенција МИА денеска изјавија дека претседателот на државата останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1 март 2017 година.