Македонија СДСМ има нови докази за набавката на опремата за прислушување

СДСМ има нови докази за набавката на опремата за прислушување

СДСМ има нови докази за набавката за прислушување, вели лидерот на партијата, Зоран Заев, во најавата за емисијата „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“.

Како што вели Заев во најавата за емисијата, претставниците на безбедносните служби му пристапиле и не барале од него никаква тајност.

– Луѓето нè пречекаа подготвени, она што ни е нам на располагање ние би го погледнале со многу вниманние. Деталите не би ги споделувале, ако нешто претставува потврда, доказ на незаконско дејство ќе биде процесуиран до Специјалното јавно обвинителство. Една од кривичните пријави е токму за набавка на опремата за прислушување со Хаим Хакини, кој е консултант во приватна фирма – рече Заев.