Економија СДСМ: Груевски ги сотре домашните фирми со срамни 120 денари државна помош

СДСМ: Груевски ги сотре домашните фирми со срамни 120 денари државна помош

„Никола Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ, 10 години им даваа на домашните претпријатија срамни 120 денари државна помош годишно. Затоа 10 години ниту една домашна компанија не инвестираше во технолошко-индустриска развојна зона“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се вели дека граѓаните секое работно место во виртуелните странски инвестиции во технолошкоиндустриските зони го плаќаат 21.454 евра.

– Овие виртуелни странски инвеститори, заминуваат откако ќе ги искористат парите на граѓаните и поволностите. Дури и зад себе оставаат милионски долгови, што, исто така, треба да ги платат граѓаните – се додава во соопштението.

Од партијата потсетуваат дека 10.000 домашни фирми се затворени, секоја трета фирма е со блокирана сметка, а по странски инвестиции сме последни во регионот.

– Замина турската компанија „Улак амбалаж“, 50 вработени остави на улица. Замина индиската компанија „Индо минерали и метали“, 1.000 рудари останаа на улица. Заминаа „Џонсонс контрол“, „Керфур“. Но, замина и Груевски. А ќе замине и ВМРО-ДПМНЕ – се вели во соопштението на опозицијата.