Македонија СДСМ: ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати...

СДСМ: ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста

СДСМ ја повика Државната изборна комисија (ДИК) да ги поправи грешките и да презентира резултати пред јавноста.

„Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата Можеме изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат,“ се вели во соопштението.

Инаку, од ДИК информираа дека рачно се пребројуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места и дека во текот на денот „благовремено ќе известат за седница за да ги презентираат резултатите.

Веб-страницата на ДИК на која во реално време требаше да го прикажува пребројувањето на гласовите синоќа падна, а претседателот Оливер Дерковски изјави дека се работи за „обид за надворешен хакерски напад.“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им честита на сите граѓани за успешните, демократски и современи парламентарни избори на кои победи опцијата која нуди сигурна иднина за Северна Македонија.