Македонија СДСМ: Џабе Груевски избира нови сваровски-судии, ништо не го спасува

СДСМ: Џабе Груевски избира нови сваровски-судии, ништо не го спасува

Џабе му се нови сваровски-судии на Груевски, ништо не го спасува, ќе одговара, реагираат од СДСМ на денешниот избор на нови 25 судии.

„Паниката на осомничениот за тешки криминали, Никола Груевски, секој ден е сè поголема. Веднаш откако се распишаа изборите, проработеа тефтерчињата на осомничените од ВМРО-ДПМНЕ и преку послушниците од Судскиот совет се избраа нови 25 сваровски-судии. Сега е доцна, цела Македонија и светот слушна за нивните криминали и злоупотреби. Ништо не ги спасува осомничените криминалци од ВМРО-ДПМНЕ. Сите ќе одговараат пред законите и од тоа бегање нема“, реагираат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека по 11 декември нема веќе да има нарачки и ургенции за пресуди, нема веќе да има тефтерчиња со погодни судии и обвинители.