Економија СДСМ: Богов призна дека јавниот долг достигнал 50 отсто од БДП

СДСМ: Богов призна дека јавниот долг достигнал 50 отсто од БДП

Опозициската партија СДСМ денеска излезе со соопштение во кое се наведува дека гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, во синоќешното интервју за телевизијата „Алфа“ ги потврдил нивните тврдења дека со издавањето на еврообврзницата јавниот долг на Македонија изнесува 50 проценти од домашниот бруто-производ (БДП).

„Признанието на Богов е директна потврда на тврдењата на СДСМ. Со ова Богов ги разобличи манипулациите на Миновски кој еден ден претходно на веб-страницата на Министерството објави намалување на јавниот долг. Власта на Груевски со најновото задолжување од 450 милиони евра преку еврообврзницата го зголеми јавниот долг на историски највисоко ниво досега“, велат од СДСМ.

Од партијата истакнуваат дека сите инволвирани во издавањето на незаконската еврообврзница и во другите неразумни задолжувања што влијаат на зголемување на јавниот долг на 50 отсто од БДП, ќе одговараат.