Македонија СДСМ ќе ја одржи 11. седница на Централниот одбор на партијата

СДСМ ќе ја одржи 11. седница на Централниот одбор на партијата

Денеска со почеток од 18 часот, во седиштето на СДСМ во Скопје, ќе се одржи единаесеттата седница на Централниот одбор на партијата, информираат од таму.

„Потсетуваме, седниците на Централниот одбор на СДСМ се работни. За заклучоците и одлуките на Централниот одбор, медиумите ќе бидат дополнително информирани“, велат од СДСМ.

Неофицијално, на седницата, директорката на онлајн платформата „Групер“ Нина Ангеловска треба да се утврди за кандидат за нов министер за финансии.