Свет Саудиски принц уапсен во Лос Анџелес за сексуално насилство

Саудиски принц уапсен во Лос Анџелес за сексуално насилство

Саудискиот принц Маџид Абдулазиз ал Суад во средата е уапсен во Лос Анџелес под обвинение за сексуално насилство врз една од своите слугинки.

Како што соопшти полицијата во Лос Анџелес, 28-годишниот принц е пуштен на слобода откако платил кауција од 300.000 долари.

Весникот „Лос Анџелес тајмс“ пишува дека полицијата упаднала на имотот на принцот, откако еден од соседите пријавил дека забележал жена облеана во крв, која барала помош, обидувајќи се да се искачи по ѕидот околу имотот.
Првото рочиште е закажано за 19 октомври.