Свет Саудиска Арабија го прекина авиосообраќајот со Иран

Саудиска Арабија го прекина авиосообраќајот со Иран

Саудиската управа за воздушен сообраќај денеска соопшти дека сите летови кон Иран и од таа земја кон Саудиска Арабија се откажани, затоа што Ријад ги прекина дипломатските односи со Техеран.

Прекинот на авиосообраќајот се случува откако Саудиска Арабија во саботата го погуби шиитскиот свештеник Нимр Бакер ал Нимр, остар критичар на саудиската власт во таа земја, што предизвика протести во Техеран, каде беше нападната саудиската амбасада.

По Саудиска Арабија, дипломатските односи со Иран ги прекинаа и Бахреин и Судан, додека Обединетите Арапски Емирати го повлекоа својот амбасадор во Иран и ги сведоа дипломатските односи со таа земја на минимум.