Свет Сандерс ја порази Клинтон во Мејн

Сандерс ја порази Клинтон во Мејн

Берни Сандерс ја победи Хилари Клинтон на предизборите во сојузната американска држава Мејн, во трката за кандидатура на демократите за претседателските избори на 8 ноември, јавува „Би-би-си“.

По преброените 91 отсто од гласовите, сенаторот од Вермонт, Сандерс, води со 64 отсто, додека поранешната државна секретарка добила 36 отсто од гласовите.

Во републиканскиот табор, Марко Рубио без поголеми проблеми го победил Доналд Трамп на предизборите во Порторико.

Без разлика на победата, Рубио и понатаму заостанува зад Трамп и зад тексашкиот сенатор Тед Круз.
Клинтон и Трамп и понатаму се водечки кандидати за номинација во своите партии.