Свет Самоубиствен напад во близина на американскиот конзулат во Џеда

Самоубиствен напад во близина на американскиот конзулат во Џеда

Двајца припадници на безбедносните служби се ранети откако бомбаш самоубиец се разнесе во близина на американскиот конзулат во саудискиот град Џеда.

Напаѓачот со автомобил стигнал до џамијата во близина на конзулатот, а откако им станал сомнителен на полицајците, го активирал експлозивот кој го носел на себе.

Очевидци соопштуваат дека експлозијата одекнала на 10 метри од ѕидот на конзулатот и оти на местото е забележливо зголемено полициско присуство, како на земја, така и од воздух.

Локалните медиуми јавуваат дека во истиот регион одекнале уште три експлозии, кои полицијата контролирано ги активирала.