Македонија Самохраните мајки формираа здружение „Една може“

Самохраните мајки формираа здружение „Една може“

Самохрани мајки заедно со нивните деца, денеска излегоа на првата активност на здружението на еднородителски семејни заедници „Една може“, во Паркот на франкофонијата во Скопје.

Дора Пачкова, членка на ова здружение, ги истакна различните проблеми со кои се соочуваат децата што живеат со еден родител.

Од здружението велат дека на креативен начин ќе ја претставуваат индивидуалноста на нивните деца.

Во врска со алиментацијата и со финансиската состојба по разводот, Пачкова вели дека овој проблем не е решен и дека најмногу што можат да добијат самохраните мајки е износ од 2.000 денари.

Од ова здружение, ги повикаа и самохраните татковци да се придружат на здружението „Една може“, за да ги побарaат нивните права како самохрани родители.