Свет Европа Самитот во Брисел за бегалската криза најмногу зависи од Ангела Меркел

Самитот во Брисел за бегалската криза најмногу зависи од Ангела Меркел

Во седиштето на ЕУ, утре попладне ќе се одржи мини-самит на лидерите на десет држави кои се наоѓаат долж балканската рута, преку која бегалците стигнуваат во Европската унија. Исходот од состанокот, во целост зависи од германската канцеларка Ангела Меркел, оценуваат европските комесари.

На самитот ќе учествуваат шефовите на Владите на земјите од регионот, како и највисоките функционери на ЕУ.

Целта е да се воспостави колективен прекуграничен пристап за да се промени ситуацијата на терен.

Претседателот на Европската комисија, Жанк-Клод Јункер, истакна дека треба да се воспостави подобра соработка и координација меѓу државите низ кои секој ден поминуваат бегалци од Блискиот Исток и од Африка.