Свет Европа Салах Абдеслам сака да соработува со француските власти

Салах Абдеслам сака да соработува со француските власти

Осомничениот за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам сака да соработува со француските власти, соопшти неговиот адвокат Седрик Маоси.

Тој потврди дека Абдеслам сака Белгија да го испорача на Франција.

Абдеслам е во притвор во Бриж од 18 март, а со истражните власти нема разговарано од самоубиствените напади на аеродромот и метро-станицата во Брисел, извршени на 22 март.

Тој е поврзан и со неколкуте лица кои се вмешани во терористичките напади на белгиската престолнина.