Свет Европа Салах Абдеслам екстрадиран во Франција

Салах Абдеслам екстрадиран во Франција

Белгиските власти го екстрадирале во Франција главниот осомничен за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, Салах Абдеслам, јавува „Би-би-си“.

Абдеслам беше уапсен во драматична полициска акција на 18 март во Брисел, четири дена пред бомбашките напади во градот, во кој беа убиени 31 лице.

Кон крајот на март белгискиот суд донесе одлука тој да им биде испорачан на властите во Франција. Неговиот адвокат претходно соопшти дека Абдеслам сака Белгија да го испорача на Франција и дека има намера да соработува со француските власти.

Во терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година загинаа 130 лица, а стотици беа повредени. Според истрагата, дваесет и шестгодишниот Абдеслам е поврзан и со неколку лица што се вмешани во терористичките напади во белгиската престолнина.