Економија Саемот за градежништво почнува денеска

Саемот за градежништво почнува денеска

Саемот на градежништво ќе почне денеска и ќе трае до 5 март. На Скопски саем ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и за опремување објекти и имоти.

Бројот на изложувачи и оваа година ја достигна бројката од 100 директни компании, респоредени во три саемски хали. Целта на годинешниот саем на градежништво е да го задржи овој динамичен пораст, а за изложувачите и за посетителите да претставува најдобра платформа од интерес во овој сектор.

Во рамките на Саемот на градежништво 2016, во „Метрополис арена“ по шести пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции „Риал експо“ (RealExpo), каде што ќе се претстават повеќе од 300 компании.