Свет САД: Уапсен инженер на морнарицата за крадење воени тајни

САД: Уапсен инженер на морнарицата за крадење воени тајни

Цивилен инженер на американската морнарицата е уапсен при обид да го украде дизајнот на новиот нуклеарен носач на авиони и да го испрати во Египет, според американското Министерство за правда.

Таен агент на ФБИ глумел дека е претставник на египетското разузнавање за да постави стапица за 35-годишниот Мустафа Ахмед Авад од Вирџинија, кој се товари по две точки од обвинението, за обид да „извезе“ воени текстови и технички податоци.

Ако биде осуден, му се заканува максимална затворска казна од 20 години за секоја од точките од обвинението.

Верувајќи дека станува збор за официјален претставник на египетската влада, Авад на тајниот агент му соопштил дека планира да ја искористи довербата на американската морнарица кон него за да набави воена технологија која ќе може да ја користи египетската влада, соопшти американското Министерството за правда.

Авад планирал да го украде дизајнот за нуклеарниот носач на авиони „УСС Џералд Р. Форд“, чија изградба е во тек.
Авад ќе биде сослушан в среда.